Пијалоци

Предлог Смути за повеќе енергија наутро

Напишано од Nikola

Се чувствувате како да немате енергија наутро и ви е потребна голема шолја кафе?

Избегнувајте го кафето, и како замена пробајте го ова смути кое е богато со протеини и многу малку калории кое ќе ви обезбеди доволно енергија за во текот на денот.

За ова смути потребно ви е:

  • 1 чаша вода
  • 1 чаша кефир, со низок процент на масти
  • 2 лажици орев
  • 1 шолја јагода
  • 1 банана
  • 1 лажица протеин од сурутка со вкус на ванила

Подготовка: Следете ги состојките по редослед и ставете ги една по една во блендер, со што ќе почекате 10 секунди и вашиот утрински оброк ќе биде спремен. 🙂

Ова смути содржи :

  • 489 калории
  • 59 грама јаглехидрати
  • 7 грама влакна
  • 11 грама масти
  • 39 грама протеини

 

За авторот

Nikola