Водич за патување

Предлог три викенд дестинации кои нема да ве оштетат по буџетот

Напишано од Mr. M

Пред неколку недели ја објавивме листата од најевтините европски градови според магазинот Post Office, а денеска ќе ви одвоиме три од тие дестинации кои што се иделни за викенд патување. Инаку, да се потсетиме дека најевтиниот град во Европа е Вилнус, Литванија, а после него следува Белград, градот во кој многу македонци заминуваат за викенд.

Како е направена оваа листа?

Магазинот Post Office ја направил оваа листа по неколку критериуми, а повеќето се оние главни туристички трошоци како што се пијалоците, вечера во ресторан, хотел и секако превоз.

Според тоа, ние ви ги предложуваме првите три дестинации од оваа листа, а тоа се Вилнус, Белград и Варшава.

За Белград нема потреба да коментираме. Од кафани, ресторани, клубови, добра забава, убави луѓе… Додека Вилнус е главниот град на Литванија познат по својата барокна архитектура, особено во средновековниот Стар град. Но, зградите, во оваа област, ги одразуваат различните стилови и епохи, од неокласичната катедрала Вилниус до готската црква Св. Ана. Портата на Зората од 16 век, која содржи храм со света икона на Дева Марија, некогаш го чувала влезот во оригиналниот град.

Варшава е најголемиот а воедно и главен град на Полска. Широко разновидната архитектура ја изразува долгата и турбулентна историја на градот а покрај уживањето во нејзината убавина, од неа можете да научите многу за Европската историја.

 

За авторот

Mr. M