Спорт

Премиер лигата ќе се доигра, но без публика

Напишано од Mr. M

Здружението на професионални фудбалери на Англија (ПФА) објави дека натпреварите во Премиерлигата ќе се играат на празни трибини кога ќе продолжи првенството. ПФА е во постојан контакт со играчи, објави заменик-извршниот директор Боби Барнс. Премиер лигата е предвидено да продолжи од 1-ви мај, но дури и ако го прекинат тој рок, првенството ќе заврши.

“Во идеален свет, тоа ќе се играше на полни трибини, но сега не можеме да го сонуваме ниту тоа. Играчите ја гледаат ситуацијата реалистично иако не сакаат да играат без навивачи. Фудбалот се игра за навивачите, но сите играчи се добро платени благодарение на телевизиските договори и знаат дека не може да се чека ситуацијата да се нормализира целосно за да можат навивачите да дојдат на стадионите. ПФА е во служба на играчите и наша работа е да ги одржуваме нивните плати редовно, така што првенството ќе заврши без публика”, рече Барнс.

За авторот

Mr. M