Најново

Премиера на смартфоните OnePlus 7 и OnePlus 7 Pro

Напишано од Mr. N

OnePlus е компанија која веќе неколку години се натпреварува исклучиво во високата класа со своите паметни телефони, но со цената на уреди од средната класа. Сепак, најновиот OnePlus 7 модел е телефон кој веќе не може да се наречен евтин, особено ако се погледне останатата кинеска конкуренција.

OnePlus 7 моделот е комбинација од OnePlus 6T и OnePlus 7 Pro. Овој модел го задржува 6.41 инчниот Optic AMOLED дисплеј со 1080 резолуција. Од друга страна, тука е и побрзиот сензор за отпечатоци за прсти, кој е достапен и кај OnePlus 7 Pro.

Овој телефон е наменет за оние кои сакаат добар однос меѓу цената и квалитетот.

Покрај стандардниот модел, популарниот кинески производител го претстави и премиум моделот, OnePlus 7 Pro. Телефонот пристигнува со подобрувања на екранот, камерата и звукот во споредба со претходната генерација.

Екранот на телефонот, кој OnePlus го нарекува Fluid AMOLED, има нов 6,67-инчен панел со QHD+ резолуција и освежување од 90 Hz. Покрај значително подобрите анимации во корисничкиот интерфејс, екранот може да рендира HDR+10 бои со висок квалитет.

 

 

 

За авторот

Mr. N