Пијалоци

Премиум чешко пиво на македонскиот пазар – CELIA

Напишано од Mr. M

Пивото и градот Прага имаат посебна конекција и дел од најдобрите пива во светот може да се најдат таму речиси на секој чекор. Чешките пивнции се карактеризираат со боагата традиција позади себе и квалитет. Токму затоа Прага е омилен град за љубителите на пиво.

И Македонија е земја каде што може да се најдат се повеќе квалитетни пива во кои може да уживаме. Пред некое време на  македонскиот пазар се појави новото премиум чешко пиво CELIA. Станува збор за пиво кое што датира уште од 14 век. Се вели дека ова пиво е произведено во подрумите на еден замок кој се наоѓа во градот Жатец кој е познат по одгледувањето на хмељ. CELIA е пиво кое што се подготвува од само три состојки јачмен, жатецки хмељ и вода од подножјето на Жатец.

Image may contain: text

Како најсилните страни на брендот е ферментацијата со отворени буриња со што се обезбедува само природна карбонизација и отстранувањето на глутенот преку процес на деглутенизација што да се користат само локални квалитетни состојки.

CELIA важи за 100 % органско пиво кое што како што кажавме е создадено со остранување на глутенот. Celia целосно ја отстрани таа состојка како би можело да се создаде навистина лесно, органско светло пиво со премиум вкус во кое што сите може да уживаат.

Повеќе за пивото и за тоа каде можете да го најдете, постете го нивниот сајт.

 

За авторот

Mr. M