Пијалоци

Превкусни напитоци за целосна детоксикација на телото

Напишано од The Gentleman

Детоксикацијата не мора да биде напорна ниту тешка. Овие три напитоци се наједноставниот и највкусниот начин телото да го ослободите од токсини. Пијте ги секојдневно…

Напиток од лубеница за детоксикација

napi2

Потребни сосотојки: 1шолја спанаќ, 1 краставица, 2 шолји лубеница, сок од еден лимон, 5 листови нане

Подготовка: Сите состојки ставете ги во блендер и убаво измешајте.

Од оваа количина ќе добиете една до две чаши

Детокс еликси со краставица

napi3

Потребни состојки: 1 краставица, 3 стапчиња целер, една шака поточарка или три листови од глуварче, 2 моркови, сок од еден лимон.

Подготовка: Сите состојки ставете ги во блендер и добро промешајте.

Од оваа количина ќе добиете една до две чаши.

Освежителен напиток со нане и цитрон

napi4

Потребни состојки: 2 грејпфрута, 1 шака свеж магдонос, 1 шака свежо нане

Подготовка: Олупете го грејпфрутот и ставете го во блендер и додадете ги останатите состојки и добро промешајте. По потреба додадете и малку вода.

И секако, за полесно креирање на овие пијалоци потребен ви е Нутрибулет. Кој доколку го немате, посетете го следниов линк, и спремете се за тело какво што секоја плажа заслужува

За авторот

The Gentleman