Луксуз

Приказната за Montblanc, брендот кој го дефинира луксузот

Напишано од The Gentleman

Со генерации Montblanc е познат по своите луксузни производи, кои се рефлексија на нивниот перфектен професионализам до најмали детали. Оваа година они слават 115 години од нивното постоење. Низ годините наназад овој бренд се позиционирал во светот како исклучително луксузен, и за луѓе кои знаат што е добро.

Се сеќавате на нивните пенкала, на часовници, а се сеќавате и нивното дело наречено Montblanc Augmented Paper. Одличен производ кој ја носи традиционалната уметност на пишувањето во дигиталниот свет.

Компанијата може да се пофали со својата богата историја, која се движи на релација Le Locle и Villeret во Switzerland (рачни часовници), Florence во Italy (кожа) и нормално Hamburg во Germany (за нивниот најпознат производ пенкалата).

Нивниот креативен директор Zaim Kamal вели дека ова не е никаков проблем, туку дека идеата со задоволство патува од локација во локација, затоа што неретко се случува вработените од одделот за кожни производи да имаат одлично решение за проблемот во делот со рачните часовници. Феноменалната галерија од нивните канцеларии низ Европа ќе ве остави без зборови.

А доколку имате Montblanc како дел од вашиот живот, дознајте како да се грижите за него.

За авторот

The Gentleman