Стил

Пример како сериите и филмовите влијаат на модата низ светот

Напишано од Mr. M

Популарните серии се вратија со нови сезони на малите екрани. Без разлика дали сите епизоди се исфрлени одеднаш или со нетрпение чекаме одреден ден секоја недела за еден час задоволство на софата, некои од нашите серии, покрај интриги, нè принудуваат и да ги отвориме џебовите и паричниците и да потрошиме пари.

Враќањето на харизматичниот лидер на бандата Бирмингем, Томи Шелби на екраните, ја зголеми продажбата на капи, познати кај нас како „беретки“.

Трендовите инспирирани од телевизиите беа откриени во најновиот извештај за малопродажба на стоковната куќа Џон Луис.

Ова е вистински пример како сериите и филмовите влијаат на нас, особено во поглед на модата.

 

За авторот

Mr. M