Нега и одржување

Природни начини како да се ослободите од првутот

Напишано од The Gentleman

Една од работите која најмногу не нервира нас мажите е дефинитивно првутот, па затоа денеска ќе ви претставиме неколку природни начини кои ќе ви помогнат да се ослободите од него. Мака мачиме некогаш, но важно е дека има решение. Перутот се создава на начин на кој што се собираат мртвите ќелии од емидермисот кожата на главата. Она што е важно е дека постојат и природни начини да се избориме со оваа проблематика.

Оцет од јаболко

Оцетот од јаболко има многу корисни дејствиа, а едно од нив е да се решите од перутот. Оцетот ја менува Ph вредноста на вашиот скалп и така прави вашата кожа да не се суши и да не се перути.

Масло од кокос

Кокосовото масло според многу голем број на експерти е многу корисно за косата. Ова уље докажано е дека помага при отстранување на првутот и ги убива сите бактерии на скалпот.

Мед

Медот содржи огромен број на витамини и минерали. Баш поради тоа медот прави вашиот скалп да биде поздрав и да нема првут.

Сода бикарбона

Содата докажано е дека ги убива бактериите и спречува ширење на инфекции. Поради тоа е долична и во спречувањето на првутот. Бикарбоната помешајте ја со вашиот омилен шампон и измијте ја косата.

Лимон

Лимонот е преполн со витамин Ц кој е одличен за убивање на бактериите. Доволно е лимониот сок да го ставите на вашиот скалп и нека стои околу 40 минути, па потоа измијте ја косата.

За авторот

The Gentleman