Автомобили

Продадени 2 милиони модели на Fiat 500 за 11 години

Напишано од martin

Сите сме запознаени со тоа дека Fiat 500 е еден од најпознатите и најпродаваните градски автомобили во светот. Тие запишаа уште еден податок во историјата, а тоа е дека успеале да продадат 2 милиони модели за само 11 години. Овој градски автомобил се продава во 100 земји низ светот, а 80 % од неговата продажба е надвор од Италија.

Во неговата 11 година за првиот дел од 2018 година, биле продадени повеќе од 60,000 модели во Европа што претставува историски рекорд за брендот. Fiat 500 беше прв на пазарот за автомобили во оваа 2018 година во девет земји во светот, Велика Британија, Шпанија, Белгија, Швајцарија, Португалија, Австрија, Унгарија, Хрватска и Словенија.

Во последните 11 години на купувачите им се понудени 30 специјални изданија на овој модел меѓу кои е и Abarth спортската верзија. Еден од јубилејните примероци е FIAT 500C Collezione со бензин мотор од 85 коњски сили. Оваа верзија ќе се продава во Италија, станува збор за специјална верзија со безвременски дизајн и стил.

Овој модел за прв пат е претсавен во 1957 година и од тогаш до ден денеска продадени се повеќе од 6 милиони автомобили. Автомобилот е поим за моторизација во Италија во периодот после војната. Токму затоа не е случајност што е еден од најпознатите светски автомобили.

Производството на FIAT 500 започнало во Полска во 2007 година кога е воведен нов современ модел.

За авторот

martin