Стил

Прошетка низ езерото Треска заедно со US Polo Assn.

Напишано од martin

US Polo Assn е светки познатиот моден бренд кој целосно се вклопува во оваа наша приказна.

Модерни парчиња, елеганција помешана со кежуал ноти, беспрекорен квалитет е она што го прави овој бренд посебен во машката мода.

US Polo Assn е еден од најпознатите брендови кој се поврзува со спортот и има историја повеќе од 125 години, останувајќи верен на своите корени и класичниот американски стил. Пренесувајќи ги вредностите на спортот поло, модниот бренд успешно ги комбинира модерното и спортското преку широкиот асортиман на машка гардероба.

За Треска…

Изградено е во 1978 година преку самофинаснирање на граѓаните со цел да создадат идеално место за рекреација, одмор, сончање, бањање и прошетки. Сепак сета оваа приказна стопираше во 1998 година, кога езерото беше забрането за употреба поради загаденоста.

Но, самата убавина и духот во местото останаа исти. Можеби езерото Треска и неговата околина не се тоа што биле, но успеавме да видиме одвреме – навреме доста луѓе кои го го посетуваат езерото Треска. Некои од нив со семејствата излегуваат на чист воздух и на скара.

За брендот

Сите модни комбинации кои можете да ги видите се од брендот US Polo Assn кој се наоѓа во Скопје Сити Мол и кој се карактеризира со модни парчиња кои нудат удобност во пролетта и летото. Кошулите за оваа сезона се карактеризираат со уникатни принтови, додека пак поло маичките се оние кои што се во главен фокус.

  • Кошула – US Polo Assn
  • Маици – US Polo Assn
  • Панталони- US Polo Assn
  • Кратки панталони – US Polo Assn
  • Мокасини – US Polo Assn
  • Фармерки – US Polo Assn

Бренд US Polo Assn, локација езеро Треска

За авторот

martin