Љубов

Прв дејт правила кои мора да се следат

Напишано од Пјер

Има неколку фрази кои не смее да се изговорат за време на првиот дејт, секако доколку не саката партнерката да ве блокира на сите социјални мрежи. Запамтете добро, ова што следи не смее да  искочи од вашата уста –

1. Ја изедовте цела порција. Браво. Не очекував.

2. Која е онаа слатка девојка кај тебе на Инстаграм/ ФБ?

3. Уживам во се што правам. Буквално во се.

4. Стварно? Никогаш не сум помислил дека одиш во теретана.

5. Видов кај тебе на ФБ дека прошлиов викенд баш јако си поминала.

6. Ај погоди колкава плата зимам

7. Дали се ок? Ми изгледаш уморно

8. Збориме веќе пола саат и стварно не ми е јасно како до сега не си нашла дечко за сериозно

9. Немој да ме сватиш погрешно, но стварно имаш добар задник

10. Сите мои другарко се палат на мене.

Не се многу, 10 реченици. Избегнете ги на првиот состанок и се ќе биде полесно

За авторот

Пјер