Музика

Првата авторска песна на новото музичко дуо Александар Митевски и актерот Драган Спасов Дац

Напишано од Mr. M

Македонската музичка сцена доби ново музичко дуо. Станува збор за дутото Александар и Дац. Тие ја направија нивната прва авторска песна “Цреши охридски” со која настапија на неодамнешниот фестивал “Охрид Фест – Охридски Трубадури 2019” и ја освоија првата награда од жирито и втората награда од публиката во поп вечерта, како и третата награда на публиката во интернационалната вечер.

Дац и Александар ги освоија симпатиите на сите, песната ја посветија на градот Охрид и охриѓани, а таа е веќе хит на радио станиците низ државата. Ова дуо на барање на публиката веќе имаше неколку заеднички целовечерни настапи во живо, а следно на нивната агенда е настап на фестивалот “Макфест” со нова авторска нумера. Дац и Александар имаат и своја официјална фан страна на Фејсбук каде секојдневно објавуваат свои песни, поезија и убави спомени во форма на “дневна доза љубов”.

За авторот

Mr. M