Технологија

Првиот 8К OLED телевизор на LG достапен за светот

Напишано од Mr. N

Јужно Кореанскиот технолошки гигант LG спремен е да го пушти во употреба својот 8K OLED телевизор, кој за првпат беше презентиран на Consumer Electronics Show во Јануари 2018 во Лас Вегас.

Овој 88-инчен 8К OLED телевизор има преку 33 милиони самоосветлувачки пиксели кои што ќе создаваат размер на контраст најдобар досега и ќе создаваат вистинска црна боја која што го дефинира совршениот квалитет на сликата кај OLED телевизорите.

И покрај големиот напредок и на LCD технологијата, сепак OLED технологијата често се споменува како „технологија на приказ на новата генерација“, затоа што ја емитира својата светлина, елиминирајќи ја потребата за било какво позадинско осветлување. Благодарение на тоа, настануваат најмодерните телевизори кои што го редефинираат квалитетот на сликата и дизајнот на OLED телевизорите.

8K OLED телевизорот на пазарот ќе се појави само во Јужна Кореја, додека на европскиот пазар ќе го има во третиот квартал од оваа година по цена од 42.000$.

За авторот

Mr. N