Пијалоци

Работењето од дома и не е така лошо ако имате добро кафе

Напишано од The Gentleman

Една од најтешките работи, од работењето од дома е што не можете да свратите до вашето омилено кафуле и да уживате во вашето кафе.

Иако со седењето дома ќе заштедите неколку илјадарки, сепак тоа не влијае на фактот на убавиот хедонистички момент и уживањето со пријателите или самите себеси.

Но, сега постојат повеќе начини како да уживате и дома во добро кафе.

Се што ви треба е врвна машина за еспресо, добро кафе, добра шоља, и желба за уживање. Нема поубаво.

Има еден кафемат кој го носи името Сирена.

Овој кафемат со притисок од 15 бари, ви овозможува да направите дупло еспресо и разни други кафиња за само 20 секунди. Ако го комбинирате со Дабов кафе ќе направите уште поголемо уживање во светот на вкусовите. Има грејач за вашите шољи. Врвен кафемат за дома.

За авторот

The Gentleman