Кариера

Работни места каде се пие најмногу кафе

Напишано од The Gentleman

Кафето е дефинитивно најбараниот и најконзумираниот пијалок во целиот свет. Еве и вие сигурно, прво што правите е од сабајле пиете кафе уште додека не сте отвориле очи.

Кога сме кај оваа тема, сакаме да ви покажеме во кои професии се пие најкмногу кафе. Според нас, најмногу кафе во Македонија се пие во јавната администрација. Па после мноооогу празни места сите други. 🙂 Сигурно ќе се сложите со нас на темава.

Според едно истражување во светот најмногу сакаат да пијат кафе вработените во хотел, адвокатите и судиите.

Од сите оние кои учествувале во ова истражување, 46% изјавиле дека се помалку продуктивни без кафе, 61% пиеле барем 2 кафиња дневно за да ја издржат својата работа и 49% признале дека имале голема потреба од пиење кафе во текот на денот. Интересно да се забележи поврзаноста на видот на кафето со одредена професија. Погледнете ги и наредниве статистики и размислете дали се совпаѓаат со вашите досегашни искуства за количината на кафе која ја конзумирате со вашите пријатели и соработници…

1. Маркетери и професионалци за односи со јавност

2. Раководството во образовните институции

3. Уредници и новинари

4. Доктори

5. Готвачи

6. Професори

7. Социјални работници

8. Банкари

9. Човечки ресурси

10. Вработени во државна администрација

 

За авторот

The Gentleman