Кариера

Работни места кои се во изумирање, и работни места кои носат мирна иднина

Напишано од The Gentleman

Периодот со корона вирусот и пандемијата која не застанува веќе втора година, направи некоја си природна селекција на работните места. Многумина започнаа да работат од дома, многумина започнаа процес на дигитализација и со тоа многу лица ги загубија своите работи. Реално ако зборуваме, на повеќето рутински работни места им се заканува изумирање. Денес се барани креативци на сите полиња и во сите индустрии, а во иднина ќе бидат уште побарани.

Компаниите ќе бараат лица со темелно и неформално образование, способност за пронаѓање на решенија како и со вештини во управувањето со професијата и нејзино создавање, и тоа во било која ситуација, независно од секторот или индустријата. Подгответе се навремено!

Еве кои се работните места на иднината, а кои работни места имааат висок ризик за изумирање во наредните 10 години.

Работни места со висок ризик на изумирање

1. Благајник

2. Магационер

3. Телеоператор (телеподдршка)

4. Агент за туристички патувања

5. Поштар

6. Диспечер

7. Дактилограф

8. Библиотекар

9. Преведувач

10. Таксист

А еве кои работни места во иднина ќе бидат најбарани и ќе ви донесат стабилна иднина.

Работни места со одлична иднина

1. Земјоделец (еко производство)

2. Развој на бизнис планови

3. Програмер

4. Стартап-претприемач

5. Негувател

6. Нутриционист

7. Инспектори по сајбер криминал

8. Лекар/здравствен советник

9. Програмер за игри

10. Foresighter (социјално-економски футуриста)

За авторот

The Gentleman