Кариера

Работни места со најмалку стрес

Напишано од Пјер

Со оглед на одговорноста која постои во секоја работа, тешко дека постои работа која со себе не носи одредена количина на стрес.

Сепак, додека повеќето луѓе се борат со секојдневниот стрес кој поради обемот на работа и зададените рокови им создава проблеми, постојат и оние кои на работа одат со насмевка на лицето.

Еве неколку најмалку стресни професии:

Аудиолог

Аудиологот поставува дијагноза и решава здравствени проблеми поврзани со слухот.

Фризер

Освен ако не се појават навистина незадоволни и пребирливи лица, професијата фризер не би требало да предизвика премногу стрес.

Изработувач на накит

Произведува и поправа прстени, нараквици, ѓердани и останат накит изработен од благородни метали. „Мирен“ занает.

Професор на факултет

Освен што им предава на студентите разни академски и стручни предмети, работи и на истражување и објавување на научни трудови и книги.

Кројач

Работата која вклучува шиење и различни други мали и големи поправки на облеката не би требало да предизвика премногу стрес.

Медицински техничар за податоци

Ја одржува медицинската документација за примена во лекувањето, ги наплаќа трошоците и статистичките истражувања.

Библиотекар

Води евиденција за позајмувањето на книгите, им помага на читателите во пронаоѓањето на книги итн..

Мултимедијален уметник

Креира анимации и визуелни ефекти за ТВ емисии, филмови, видео игри и други медиуми.

За авторот

Пјер