Економија

Размислувате за нов стан?!

Напишано од Пјер

Дали размислувате за нов стан? Дали размислувате за вашата нова адреса? Александрија е нова населба во Општина Ѓорче Петров. Се наоѓа на локација наспроти кружниот тек кај Порта Влае.

Населбата е нова млада и атрактивна. Посакувана пред се поради моѓностите кои ги нуди, и содржините кои с епланирани. Сосема нова инфраструктура, трговски центар, градинки, маркети, паркови и игралишта за млади и деца, пензионерски дом, здравствен дом, бензински, училишта.

Веќе се изградени првите 4 згради а сега започнува со изградба и петтата зграда – Атриа

Новата населба во Скопје, Александрија, благодарение на Фабрика Карпош, започна со изградба на резиденцијална зграда со атриум. Новата зграда Атриа е петта во населбата Александрија, и се наоѓа на само 150м од новиот кружен тек кај Порта Влае, и на само 5км од центарот на градот. Атриа ќе понуди нов, уште повисок стандард на домување.

„Сите еколошки, економски и социјални предности кои што ги носи атриумот совршено се совпаѓаат со концептот на Александрија, па оттаму дојде и идејата за Атриа како 5-та зграда во составот на населбата. Максимално сме посветени на квалитетот на животот на идните станари и сакаме да им овозможиме едно поинакво доживување на животот во Скопје.“ – велат од Фабрика Карпош.

Атриа ќе биде објект во кој ќе биде внесен микро еко-систем со внесување на зеленило во самата зграда. Средишните простори ќе бидат отворени со атриум и ќе имаат стаклен кров како извор на природна светлина. Објектот ќе биде збогатен со зелени градини по целата висина на внатрешниот простор, кои ќе му дадат една убава форма, а на станарите ќе им дадат чувство на живот во природа. Овие зелени градини се предвидени за заедничка употреба со што ќе го подобрат социјалниот живот во објектот.

Во Атриа како дел од Александрија ќе има 70 одделни единици од кои дел од приземјето ќе бидат наменети за деловен простор, а остатокот за приватни станови, распределени на приземје, 6 ката и поткровје. Изградбата  на Атриа започна кон крајот на мај, а се очекува да биде готова кон крајот на 2019 година. Заедно со новата зграда започнуваат со изградба и пристапните улици, како и партерното и хортикултурно уредување на првите 4 згради.

Сигурни сме дека веќе влијаевме на вашиот избор за нов стан!

 

За авторот

Пјер