Најново

РЕЦЕНЗИЈА: HUAWEI P40 Pro – Многу повеќе од телефон

Напишано од The Gentleman

Откако Huawei како колатерална жртва на трговската војна меѓу САД и Кина беше оставен лишен од услугите на Google, многумина се прашуваа што ќе се случи со нивната P серија оваа пролет. И, како што се испостави, развојот на технолошкиот гигант Huawei не беше доведен во прашање, од што можеме и да видиме преку Huawei P40 серијата, телефон кој за жал поради корона вирусот и пандемијата не беше промовиран како што тоа знаат најдобро да го направат.

Да се има телефон во последните години не значи само да се има телефон со кој ќе можете да комуницирате, туку да се има телефон е трка со технологијата во развој, трка со најдобра фотографија, трка со најдобри перформанси, трка со можностите.

Една од најголемите компании во светот Huawei во изминатите години се позиционира како лидер во она што го сервира на јавноста. Од дизајн, големина на екран, камери ,па се до перформансите, оваа компанија придонесува да се дигитално напредни. Иако се најдоа во една ситуација, каде Play Store излезе од целата приказна со Huawei поради одредени политички препукувања, сите заинтересирани за овој магичен телефон не треба да се грижат воопшто за апликациите. Сега го имаат App Gallery  со што секоја апликација е достапна за секој корисни.

Како еден од телефоните кои ни го поматија паметот е најновата серија на Huawei моделот P40.  Врвен дизајн, квалитет, перформанси, а особено камерата на овој телефон, е нешто што вреди на прва да се инвестира.

ЗОШТО HUAWEI P40?

Уште од првиот контакт со овој телефон, јасно беше дека држиме во рака нешто феноменално. Самиот дизајн беше инспиративен, што среќни сме што заврши целава ситуација со карантинот, па можеме да се фалиме со овој телефон пред луѓе.

Дизајнот на Huawei P40 претставува еден совршен спој. Камерите на задниот дел од телефонот се така добро направени, што за прв пат се среќаваме кај некој од претходниците на овој модел да се малку истакнати. На предната страна од телефонот ситуацијата е исто различна. Резот кој го има екранот е поставен за предните камери, но и за сензорите за идентификација или биометриско отклучување на телефонот. Оваа технологија е револуционерна кај Huawei за разлика од останатите нивни конкуренти кои ја користат камерата за отклучување која често може да се измами.

Ако го игнорираме резот на екранот, можеме да кажеме дека овој телефон има екран буквално од раб до раб. Рамката на Huawei P40 е изработена од метална легура, која е дизајнирана одлично со што лежи фантастично во вашата рака. Задниот дел од екранот е малку заоблен, но е речиси незабележливо.

На дното на уредот нема да најдете  3,5 милиметарски приклучок за слушалки, туку само нано СИМ слот и мемориска картичка Huawei, USB-C, главен микрофон и надворешен звучник. Копчињата се наоѓаат на десната страна на уредот, веднаш на дофат на палецот, а она копче за вклучување сè уште го задржува препознатливиот црвен маркер што Huawei го присвои како вид на заштитен знак.

ЕКРАН

Huawei P40 Pro спаѓа во моделите на телефони кои се со голем екран. Овој модел доаѓа со OLED екран со големина 6,6 ” со резолуција од 2640 × 1200 пиксели, што на оваа дијагонала и земајќи го во предвид малку подолгиот сооднос од 20: 9, резултира со пристоен 441 ppi. Овој екран нуди врвно уживање во гледање на видеа, фотографии или пак пребарувања преку интернет. Боите на екранот се премногу реални, белата боја е бела, нешто ѓто не е карактеристично кај другите телефони, контарстот е бесконечен, што е во природата на OLED екраните, а видливоста на сонце е многу добра.

Huawei P40 ви овозможува да го прилагодите екранот со боите по ваш избор, во зависност од тоа дали претпочитате пореални или заситени бои. Се разбира, во согласност со OLED технологијата, имате и можност да го користите екранот Always On што е многу корисна работа за да се навикнете лесно.

ХАРДВЕР И ПЕРФОРМАНСИ

Huawei P40 Pro користи окта-јадрен процесор со два јадра на Cortex-A76 од 2,86 GHz, уште два A76 од 2,36 GHz и уште четири економични Cortex-A55 од 1,95 GHz, со што го прават уредот врвен. Графичкиот дел од работата е направен од 16-јадрен Mali G76, а има и рам меморија од 8 GB. Некој можеби ќе каже дека ова е малку и дека можело повеќе, но ние мислиме  дека 8 GB е и повеќе од доволно за сите денешни потреби. Она што нè прави навистина среќни е што овој модел доаѓа со внатрешна меморија од 256 GB.

Huawei P40 Pro доаѓа со поддршка за 5G мрежата, иако е сеуште може да се користи само на одредени места и е ретко достапна.

Звучникот кој се наоѓа на дното од уредот е сосема солиден. Нема приклучок за слушалки за музика, но затоа можете да користите Bluetooth слушалки.

Користејќи го телефонот имате чувство дека батеријата нема никогаш да ја потрошите. Од Huawei повторно ни даваат еден комплетен телефон или уред кој може многу да истрпи.  P40 Pro користи софистицирана батерија од 4200 mAh, која се полни брзо на 40W или безжично на 27W.

КАМЕРА

Доаѓаме до еден од сегментите кои навистина не интересираат, а веруваме дека и секој од вас. Камерата. Huawei P40 Pro е телефон кој ќе ви покаже што значи добра и квалитетна камера. Нивниот нов сензор е толку понапреден од кој било друг на пазарот, или барем така се чини, судејќи според резултатите, дека за многумина е неразбирливо. Сепак, покрај се од фотографиите бевме супер изненадени.

Примарната камера е има нов огромен сензор 1 / 1.28 1 Quad Bayer, кој е во можност да сними 50 MP фотографии. И оваа година од компанијата Huawei играа со пикселите и нивниот сензор може да впие до 40% повеќе светлина. Нешто што е феноменално при фотографирањето. Примарната камера ни доаѓа со f/1,9 и фокус од 23 мм, што би значело дека е способна да фати малку поширок агол отколку што сме навикнале кај паметните телефони, но само ако користите режим на снимање од 50 MP. Она што е за пофалба е дека вади најдобра слика при сликање во лошо светло или во темнина.

Телефото камерата на овој модел е нешто најдобро на пазарот. За прв пат на пазарот се појавува уред кој може да слика перископски фотографии со 10 x оптичко зголемување. P40 Pro е модел на телефон кој може да прави врвни фотографии со многу детали опфатени од опкружувањето. Овој модел има и ToF сензор кој ги дефокусира позадинските непотребни работи и фокус дава на тоа што е во преден план. Ултра широката камера ќе придонесе за супер фотографии во текот на денот.

Предната камера е одлична, и ќе ве изненади од квалитетот кој го имаат фотографиите посебно со авто фокусот.

Се на се телефон кој дава врвни фотографии кои дури изгледаат и нереално добро.

СОФТВЕР

Кога се работи за софтверот, можеме да кажеме дека Huawei профитираше во војната со Google. Направија супер софтвер кој ни доаѓа за прв пат во овој модел. Токму деновиве од Huawei  го објавија почетокот на ажурирањето на најновата верзија на EMUI 10.1 низ целиот свет. Корисничкиот интерфејс EMUI 10.1 за прв пат беше претставен за време на лансирањето на серијата P40 во март годинава. Тој е изграден врз дистрибуираната технологија на Huawei, која им нуди на корисниците комплетно и непречено искуство во сите можни сценарија меѓу сите уреди. EMUI 10.1 на Huawei ветува иновација која ги надминува хардверските ограничувања, дозволувајќи соработка помеѓу различни уреди како никогаш досега.

Дистрибуираниот екосистем овозможува меѓусебно поврзување на неколку уреди кои може да работат заедно како еден супер уред, нудејќи попаметно искуство во сите сценарија и дополнително да ја зајакнуваат постојната соработка помеѓу различни екрани и уреди. Корисниците ќе забележат значителни промени во основниот дизајн во целокупното корисничко искуство и подобрувања во перформансите и безбедноста.

АПЛИКАЦИИ

HUAWEI App Gallery обезбедува целосна безбедност и заштита, вклучително и верификација на вистинското име на инвеститорот, како и четворократна проверка на сигурното функционирање на апликацијата. Исто така, HUAWEI App Gallery има систем за проверка на возраста, кој има за цел да обезбеди побезбедна околина за децата, како и да го ограничи нивниот пристап до содржини соодветни на возраста. AppGallery разработи највисоко ниво на верификација за да ги заштити чувствителните информации и доверливоста на корисниците.

Главен фокус во моментов е да го прошири изборот на најпосакувани и користени апликации кои станаа составен дел од дигиталниот животен стил на корисникот за да ги вклучи не само популарните апликации на глобално ниво, туку и кориснички, квалитетни апликации на локално ниво.

Се на се кога би можеле да ги сумираме сите податоци во една реченица, можеме со сигурност да кажеме дека овој телефон е “MUST” за секој од вас. Има врвни перформанси, одлична камера, софтвер кој е комплетно “user friendly” и нека биде приоритет за сите вас кои сакате врвен телефон.

DL_Multifresh_300x250.jpg

За авторот

The Gentleman