Спортски вести

Само што се најави Суперлигата се откажа

Напишано од The Gentleman

Фудбалската јавност овие два дена беше разбранувана по најавата за формирање на Суперлигата која ја сочинуваа 12 најголеми клубови, кои сите би сакале да ги гледаме како играат секојдневно.

Главен организатор на оваа лига беше претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, како и претседателот на Јувентус Андреа Ањели.

Уште на првиот ден, имаше прозивки од страна на УЕФА и ФИФА дека секој што ќе прифати да игра во едно вакво натпреварување ќе се соочи со последици од типот на забрана за репрезентации, исфрлање од домашните лиги, како ии тужби за оштета во висина од 60 милјарди долари.

Но, оваа најава на која цврсто стоеше Флорентино Перез, вчера доби сосема друг епилог. Нивните очекувања прв ги сруши Баерн, кој рече дека нема да ја прифати лигата и нема да учествува. Во Лондон се случија немири каде навивачит еизлегоа и Петр Чех ги молеше за тпрение, по што за само неколку часа, Челзи донесе одлука дека ја напушта Суперлигата. По нив и Манчестер Сити и Јунајтед.

Доцна синоќа по фијаското Андреа Ањели поднел оставка, а се очекува и Флорентино Перез да поднесе оставка денеска.

 

За авторот

The Gentleman