Храна

Се бориме со корона дебелината – 5 намирници кои ги топат масните наслаги за време на спиењето

Напишано од Mr. N

Изгледа дека доцните оброци може и не се толку лоши, се разбира, ако знаете што да изберете за доцна вечера – научниците велат дека одредени намирници може да ви помогнат да ослабете кога ги јадете доцна во ноќта.

Имено, експертите од Универзитетот во Флорида тврдат дека 30 грама протеини 30 минути пред спиење имаат добар ефект на линијата!

Меѓу првите намирници кои ги наведоа како добри за пред спиење е сирењето. Богато е со протеини и калциум, кои се особено важни за постарите луѓе. Сепак, забележуваат да не купувате сирење со ниски масти, бидејќи млечната маст ги зајакнува крвните садови и срцето и помага да изгубите маснотии.

Второто почесно место на списокот „добри ноќни намирници“ го заземаат јаткастите плодови, поточно бадемите и лешниците. Точно е дека се многу калорични, но нема да јадете цела чинија, туку најмногу една рака. Лекарите советуваат да грицкате јаткасти плодови што е можно почесто ако сакате да останете фит. Иако сите јаткасти плодови се богати со протеини, нутриционистите претпочитаат лешници и бадеми, бидејќи содржат изобилство на витамин Е, магнезиум и селен, на кои срцето ќе ви биде благодарно.

На третото место е моцарела. Во 100 грама од ова вкусно сирење се наоѓаат 6 грама протеини, 1 грам јаглени хидрати, многу витамин Д, а само 100 калории.

Четвртото место им припаѓа на јајцата. Иако се сметаат за јака храна, научниците од Флорида тврдат дека се одлични кога се јадат пред спиење. Содржат многу протеини, витамин Д и други важни хранливи материи.

Сирењето тофу е на петтото и последно место на препорачаните намирници на ноќното мени. Содржи доволно протеини за потиснување на гладот, а не е многу калорично.

За авторот

Mr. N