Апликации

Се отвори ново прашање, дали апликацијата FaceApp е безбедна?

Напишано од Mr. M

Еден од најголемите трендови последните неколку дена е апликацијата FaceApp. Оваа апликација овозможува да видите како ќе изгледате на стари години. Таа користи вештачка интелегенција со што би ги направила луѓето да изгледаат постаро.

Оваа апликација постои веќе неколку години, но овој месец го достигна врвот на својата популарност. Иако главната цел на апликацијата е забава се јавија неколку забелешки поради приватноста на корисниците.

Кога ќе поставите фоготрафија на апликацијата таа пристигнува до серверите на FaceApp во Русија. Апликацијата не ги информира корисниците дали нивната фотографија се додава на cloud, ниту пак им кажува за кој цел ги користи фотографиите.

Сепак, нема никаков доказ дека компанијата прави нешто сомнително со нашите фотографии, но сепак голем дел од луѓето не се запознаени со тоа.

Веднаш по овие обвинувања и компанијата која што стои позади FaceApp апликацијата се огласи дека во рок од 48 часа, сите фотографии кои што се на нивниот сервер, автоматски се бришат.

За авторот

Mr. M