Најново

Се отвори првата мултибренд продавница на Сара Фешн Премиум

Напишано од Mr. M

Се отвори првата софистицирана и урбана мултибренд продавница на македонскиот бренд Сара Фешн Премиум.

Таа се наоѓа на веќе добро познатата локација на Сара Фешн на ул. Македонија токму на Рекорд, а нејзиниот избор ќе ги задоволи сите ваши потреби!

За прв пат на македонскиот пазар се појавува мултибренд продавница од овој тип. Внимателно дефинираните понуди кроени по желбите на нашите потрошувачи не доведоа до концепт на продавница во кој може да уживаат сите. Започнавме со SF PREMIUM модна линија, но по неколку месеци ја прошируваме приказната, па затоа сега Сара Фешн Премиум е мултибренд продавница која ги следи сите светски стандарди. – изјавија од менаџментот на Сара Фешн Премиум

Таму ќе можете да изберете од колекциитте на брендовите SF PREMIUM, SF, NBB и Penti, а моделите на долна облека, хулахопки и чорапи наменети за жени, мажи и деца, ќе ви овозможат квалитет над луксуз.

Освен овие брендови кои ги имаме во нашето досегашно портфолио ги прошируваме полиците со нови брендови од светски рамки, кои ќе бидат вистинско освежување за сите нас како потрошувачи, а среќни сме што започнуваме соработка со шведските фантастични чорапи – Happy Socks. Се радуваме на почетокот на оваа приказна создавајќи премиум искуство кое трае. – дополнија од тимот

Следете ги на фејсбук и инстаграм, а посетете ја новата Сара Фешн Премиум за да го направите Вашиот избор искористувајќи ги попустите до -50% по повод отворањето на првата мултибренд продавница.

За авторот

Mr. M