Најново

Seiko со три нови модели на часовници

Напишано од martin

По лансирањето на првиот Grand Seiko часовник во 1960 година, создавањето на 9S механизмот во 1998 година, можеби е најважниот момент во историјата на овој модел. 9S механизмот беше нов и дизајниран со цел на купувачите да им понуди огромна прецизност и истрајност. Од тогаш, па се до ден денес овој механизам добил голем број на технолошки надградби, а денеска е главниот меганизам за сите Grand Seiko модели.

Со цел да се прослават 20 години од постоењето на овој механизам Grand Seiko креираше три нови модели. V.F.A. “Very Fine Adjusted” можеби не е баш најсјајното име за еден часовник кој за прв пат е користен во 1969 година. Оваа нова креација во себе носи V.F.A. благодарение на 9S85 Hi-Beat 36000 калибарот. Часовникот е во куќиште од платина и дизајниран од страна на Нобухира Косугија, создавачот на првиот 9S модел.

Другите два модели го имаат истиот дизајн како V.F.A., исти механизам и исти бројчаник. Златниот модел е декориран со амблемот лавот на Grand Seiko.

 

За авторот

martin