Пијалоци

Секој современ маж мора да знае како се комуницира во кафуле

Напишано од The Gentleman

Секој современ маж мора да се снаоѓа во комуникацијата во баровите, без разлика дали станува збор за локалното кафуле или за коктел барот во кој дремете за викенд. Замислете само колку е добро чувството да вратите соодветно на комуникацијата на некој шанкер во Милано, пред девојката од вашите соништа. Безценето!

Во продолжение неколку изрази (осум) поврзани со машките пијалоци кои мора да се знаат

Apéritif/Digestif

Значењето на овие зборови е за тоа дали пијалокот е за пред оброкот (aperitif – стимулира глад), или за по оброкот (digestif – за подобра дигестија). Најчесто ова се благи пијалоци, нешто налик брендито.

On The Rocks или со многу мраз

Едноставен сигнал до шанкерот, дека сакате вашиот пијалок да плови помеќу елегантно исецкани коцки мраз. Тука зависи од вашиот стил, дали сте за пијалок со, или без мраз. Не треба да ви е незгодно доколку барате совет и од шанкерот.

With A Twist или со парче кора

Најголемиот дел од луѓето веруваат дека дизајнерски исецканото овошје на врвот на чашите служи само за декорација. Но, тоа не е точно. Кога ќе го видите вашиот пијалок со ваков додаток, знајте дека него местото му е токму таму, затоа што тој носи мала нијанса на арома доволна за одличен шмек на пијалокот.

Straight Up или на нашки без мраз

Ова е нешто помеѓу пијалок со мраз и без мраз. Идеален за Маргаритата. Малите мразчиња стојат на крајот од чашата, држејки ладен шмек без топење и разредување на пијалокот

Muddled или коктел

Штом видите како шанкерот посегнува по корпата со овошки знајте дека се спрема за пијалок со додатоци. Најпознато е Мохитото, кои добива одличен вкус и арома со зелените додатоци

Neat или онака класично без ништо

Без мраз, без вода, без миксање. Голем дел од експертите веруваат дека некоие видови на brandy или scotch најдобро е да се сервираат на собна температура без никаков додаток. Ова е нај џентлменски.

Dirty или со додаток, најчесто кај коктелите

Ова не значи дека пијалокот е сервиран од неизмиен мијалник. Овој назив се користи кај пијалоците што имаат додаток, на пример маслинката кај Мартинито, која дава интересен соллив шмек.

Virgin или “детски коктел”

Овој назив најчесто се користи за коктели кои немаат алкохол во својата содржина. Само никогаш не нарачувајте virgin Cuba Libre 🙂

 

За авторот

The Gentleman