Музика

Сер Пол Мекартни најави нов соло албум

Напишано од The Gentleman

Сер Пол Мекартни  познатиот британски музичар најави дека годинава на 11 декември ќе го издаде својот албум „McCartney III“, колекција на песни напишани, отсвирени и продуцирани од поранешниот член на „Битлс“. Оваа компилација на песни се точно половина век по неговиот прв соло-албум.

Новиот албум е издаден од „Капитол рекордс“, а снимен во Сасекс, на југот на Англија. Како и другите два албума со слично име, „McCartney“ од 1970. и „McCartney II“ од 1980 година, сега веќе 78-годишниот музичар и овој го сработи сам.

Овој албум доаѓа во време на карантин и додека седел затворен неколку месеци.

Пол Мекартни го објави својот претходен албум „Egypt Station“ 2018 година, а неговата последна турнеја се случи минатата година.

За авторот

The Gentleman