Мода

Сезоната на елеци започнува. Еве како да комбинирате

Напишано од The Gentleman

Погледнете наоколу. Мажите од најразлична возраст повторно носат елеци. Елекот вообичаено се поврзува со повозрасни, отмени џентлмени, меѓутоа таа отменост надополнета со младешки дух и креативност, го прави елекот омилено парче облека и на помладите мажи, па и жени.

Самите ние од Friday сме фанови на елеците и драго ни е што нивната застапеност е сé поголема, меѓутоа и помладите и повозрасните мажи, треба да се свесни за неколку основни правила за носење на елек.

Правилен фит

Правилно дизајнираниот елек е доволно долг напред, за целосно да ја покрие половината и да не покажува дел од кошулата помеѓу појасот и елекот.

Погрижете се да носите доволно прилепена кошула, уредно пикната во појасот, за да избегнете надувување и несиметрични испакнатини на истата, од под елекот.

Прилики за мажите да носат елеци

Секогаш имајте во предвид да носите елек на “black tie”, формални настани, бизнис состаноци, матури и слични свечености, како и за кежуал излегувања во град. Вистината е дека, елекот секогаш ќе го надополнува и збогатува Вашиот изглед.

За елек наменет за смокинг комбинација, најпогодна боја е црната, но можете да носите и други бои, се додека се темни, едноставни и достоинствени – темно зелени и темно црвени  и повеќе нијанси на бордо, се одличен избор.

Секако, спојот на елекот со кошула на долги ракави е незаменлив и непогрешлив, а за полежерен изглед само подвиткајте ги нагоре ракавите на кошулата.

Едноставен, а толку моќен. Никако не изоставајте го елекот од Вашата облека.

 

За авторот

The Gentleman