Стил

Што да носите денеска: Предлог две комбинации за кежуал работен ден во канцеларија

Напишано од martin

Успешните мажи знаат колку е важен првиот впечаток, особено во бизнис светот. Без разлика дали имате ден исполнет со состаноци или пак обичен ден во канцеларија, секогаш треба да се трудите да бидете забележани со вашата појава, став и дневна комбинација.

Денеска ќе се задржиме за оној не формален кежуал стил кој прилега како што кажавме за оние секојдневни денови во канцеларија.

Нашиот тим заедно со тимот на Fashion Group, одбра две модни кежуал комбинации од брендот Levi’s кои што ќе ви ги претставиме денеска.

Првата комбинација која ќе ви ја претставиме е од специјалната линија Levi’s® x Justin Timberlake. Карирана кошула, едноставна бела маица, класична Levi’s фармерка и мангупска машка чизма.

1. Кошула – Levi’s 2. Фармерки – Levi’s 3. Чизми – Levi’s

Оваа комбинација е доволно кежуал, а истовремено е доволно привлечна за да го скренете вниманието на Вашите колеги во канцеларија. Кошулата заедно со маицата се направени од 100 % памук што овозможува да се чуствувате пријатно во нив во текот на целиот ден.

1. Кошула – Levi’s 2. Маица – Levi’s

1. Кошула – Levi’s

Кога ќе помислиме на добра и квалитетна фармерка, првата работа која ни доаѓа на памет е брендот Levi’s. Нашиот избор во оваа комбинација е потемна класична фармерка, додека за комплетирање на изгледот, одбравме кафени кожни чизми со тексас детали на нив. Едноставно немате грешка! 🙂

1. Фармерки – Levi’s

1. Чизми – Levi’s

Добра модна комбинација, не може да биде целосна без соодветен моден детал. Ние одбравме очила за сонце од Прима Оптика во ретро стил како што е овој модел од брендот Persol.

КОМБИНАЦИЈА БРОЈ 2

Втората комбинација која што ќе ви ја претставиме денеска се состои од кошула, фармерка и кожни чизми, кои се исто така од Levi’s.

1. Кошула – Levi’s 2. Фармерки – Levi’s 3. Чизми – Levi’s 4. Очила – Persol (Прима Оптика)

Повторно нашиот избор беше карирана памучна кошула, но овој пат со светли фармерки и малку покласични кафени кожни чизми.

1. Кошула – Levi’s

1. Кошула – Levi’s 2. Фармерка – Levi’s

Како што можевте да видите и во оваа комбинација одлично се вклопува моделот на очила од брендот Persol кој што го одбравме од нашата позната Прима Оптика.

1. Очила – Persol (Прима Оптика)

Во секоја модна комбинација, голема улога играат обувките. Не за џабе рекле дека тие се првата работа која другите ја забележуваат на вас. 🙂 Класични машки кафени кожни чизми е нашиот избор. Овие чизми покрај тоа што ќе ве греат во текот на ладните денови од годината, тие ќе додадат еден бунтовнички елемент на Вашиот стил.

1. Чизми – Levi’s

1. Кошула – Levi’s

1. Фармерки – Levi’s

За авторот

martin