Стил

ШТО ДА НОСИТЕ ДЕНЕСКА: Предлог три бизнис чанти

Напишано од martin

Во нашиот концепт ШТО ДА НОСИТЕ ДЕНЕСКА, внимание им дадовме на машките чанти.

Модерниот маж, не смее да си дозволи на состанок или пак на работа да оди без чанта. Машките чанти не се само еден обичен моден детал, тоа е нешто што морате да го имате и да се научите да се носите со нив. Многу невкусно и непријатно изгледа кога Вашите џебови ги наполните со се и сешто. Затоа ако ви е план да одите на шопинг, ние имаме предлог на машки чанти за вас…

За оваа блог објава, нашиот тим работеше со специјализираната луксузна продавница за кожени чанти и аксесоари, Luxantica.

Првата торба која ќе ви ја претставиме е доволно голема да во неа можете да спакувате што се вика се што ви е потребно. Таа е идеална за Вашите бизнис патување. Класична, модерна и со едноставен дизајн, и е есенцијален елемент кога станува збор за машкиот стил. Овој модел е рачно изработен од високо квалитетна кожа. Тој може да го најдете во специјализираната продавница, Luxantica.

Во царството на бои и дизајни, постојат голем број на модели на чанти. Оваа чанта која сега ќе ви ја претставиме е лесна и едноставна и одличен избор за современиот маж. Секојдневна и одлично ќе ви послужи да ги завршите Вашите обврски. И овој модел е рачно изработен од кожа и може да го најдете во Luxantica.

Изборот на чанта која ќе ви служи за работа, најмногу зависи од бизнисот со кој се занимавате. Секогаш треба да имате на ум дека кожните чанти се инвестиција која ви дава доза на професионалност. Освен тоа векот на траење е подолг. Една од најчестите бои кај бизнис чантите е црната, па затоа и ние ви го претставуваме овој модел од Luxantica.

 

 

За авторот

martin