Стил

ШТО ДА НОСИТЕ ДЕНЕСКА: Три модни комбинации за месец јануари

Напишано од martin

Нашиот тим продолжува и оваа 2019 година со концептот наречен, ШТО ДА НОСИТЕ ДЕНЕСКА. Концепт преку кој ви претставуваме различни модни комбинации во соработка со брендовите кои може да се најдат кај нас.

За денеска ви одбравме нови три модни комбинации кои што ги одбравме од брендот Bitsiani. Станува за три елегантни бизнис комбинации кои се иделани за ладниот месец јануари. Старите правила за облекување за на работа полека исчезнуваат. Ова може да биде и добро, но може да биде и лошо! Добро е затоа што можете да го истакнете Вашиот стил, а лошо е затоа што може да ја оплескате работата многу полесно. 🙂

Да бидеме појасни, правила за изглед во бизнис светот сеуште постојат и секако треба да се почитуваат, без разлика колку е модата променета.

Карирана кошула и сив костум

Кошулата во комбинација со костум е секогаш добитна бизнис компбинација за еден маж. Голема предност во оваа комбинација има карираната кошула која се издвојува. Бидете смели и модерни! Целата комбинација е од брендот Bitsiani.

Ролка, блејзер, панталони и елек

Ако сакате овој месец да изгледате одлично во секоја прилика, тогаш оваа комбинација е идеална за вас. Идеална е за секој маж бидејќи од една страна е елегантна, а сепак има кежаул ефект. Одлучете се за ролка во неутрална боја, додека со другите работи ќе можете да експериментирате. Целата комбинација е од брендот Bitsiani.

Класична бела кошула, блејзер и панталони

За оние денови кога не сакате да изгледате премногу елегантно, ние го имаме следниов предлог за вас. Оваа комбинација претставуа една задолжителна машка варијанта со која ќе бидете забележани било каде и да се појавите. Како и другите, така и оваа комбинација е целата од Bitsiani.

За авторот

martin