Стил

Што да и подарите на Вашата сакана за Валентајн?

Напишано од Mr. M

На 14-ти февруари некои со бакнежи ќе го слават Св. Валентајн, денот на вљубените, други пак со чаша вино во раката ќе го слават Св. Труфун, заштитникот на лозјата и градините. Но ќе има и такви кои ќе се обидат да направат спој на двата празника. Сепак, виното и љубовта одат рака под рака.

Генерално погледнато, мажите и жените имаат различно мислење за Св. Валентајн. Најчесто мажите се противници на спектакуларно празнување на денот на вљубените, а жените уживаат во посветеното внимание и покажувањето на љубов, кое впрочем велат треба да биде неизбежен дел од секојдневието.

Во поглед на оваа недоумица ја прашавме Татјана Стојановскa, една од најатрактивните ТВ лица во Македонија што мисли на оваа тема:

“Убаво е чувството кога ќе се добие подарок од саканиот, но многу повеќе ми значи кога тоа не е по некој повод. Се радувам кога е знак на внимание и изразување на љубов било кој ден, а не само за мојот роденден или празник. Се радувам многу повеќе на внимание, убаво поминато време со партнерот, убав збор, споделени убави чувства, поддршка во секојдневието отколку на материјален подарок. Но сепак почитувам кога партнерот се потрудил и вложил труд и внимание да ми подари нешто, затоа што сметам дека тоа ќе го направи среќен. И јас сакам да подарувам подароци, можеби многу повеќе отколку да добивам.“, вели Татјана Стојановска.

Како што се приближува датата 14-ти февруари, сè повеќе се создава еуфорија за денот на вљубените. Сепак сите кои што се во врска, нетрпеливо чекаат да дојде Св. Валентајн. Рози, чоколадни бонбони, кадифени мечиња, романтични пораки… Празникот на вљубените убедливо најде место во нашата култура.

Затоа господа, подарете внимание на Вашата поубава половина, но како што кажа и нашата позната водителка Тања, жените почитуваат кога партнерот се потрудил, па заедно со Тања, ви нудиме неколку предлози за Вашата дама за Валентајн, од мултибренд продавницата City Fashion Woman која се наоѓа во Скопје Сити Мол, каде што имате огромен избор на брендирани чанти и аксесоари од брендовите, Karl Lagerfeld, Michael Kors, Furla, Emporio Armani, Vesace Jeans… кои сигурно ќе остават голем впечаток кај Вашата сакана.

За авторот

Mr. M