Пијалоци

Што е подобро – многу лајт пива или мал број од оние со повеќе алкохол?

Напишано од Пјер

Прашањето е поставено за доброто на вашиот стомак.

Алкохолот содржи 7 калории по грам и тоа е главниот извор на калории во пивото. Остатокот доаѓа од заостанатиот шекер по ферментацијата. Пивото со помало ниво на алкохол содржи помалку неферментиран шекер, со тоа и помал број на калории. Значи доколку сакате да изгледате добро, без пивски стомак, тогаш секогаш подобра варијанта е лајт пивото во однос на крафт пивото. Ако не ти е до добро тело со стомачни, барем ќе пиете повеќе пива доколку се одлучите за лајт варијантата.

Значи битно е броењето на калории а не на кригли. Тоа значи дека пиво со 9% алкохол, содржи од прилика 270 калории, што значи 2/3 вакви пива заменуваат цел еден оброк. Така да, памет во глава.

За крај, мала обука на тема видови на пива –

За авторот

Пјер