Фитнес Храна

Што е поефикасно за слабеење – да вежбате или правилно да се храните?

Напишано од Пјер

Планирате да ги намалите килограмите до посакуваната тежина и правите план. Исхрана, диети или планирате физички да се активирате. 

Слабеењето е многу тешко, го заморува организмот, па ако сакате да изгубите тежина треба да се држите само до еден едноставен принцип- трошете повеќе калории отколку што внесувате.

“Гладување и драстично намален внес на калории не е добар пат до витка линија. Ова доведува до болест. Мора да изберете добра и квалитетна диета во консултација со експерти, за да ги внесете сите намирници од пирамидата на исхрана, но внимателно и посветено да броите калории. Нема бел леб и шеќер ако сакате да изгубите тежина, но тоа не значи дека треба да се јаде само јајца и месо. Тоа долгорочно не е добро за човековото здравје.

Не треба да се залетуваме со брзи резултати, бидејќи начинот на исхрана е принцип кој треба да се почитува на “долги патеки”.

Како дел од планот за губење на тежината се препорачува и задолжително физичка активност која на сите им е потребна за дополнително да се забрза метаболизмот и да започне да троши калории.

“На телото му треба енергија, па затоа е најдобро да не легнете по јадење, туку нешто да направите. Не се потребни јаки и интензивни тренинзи, туку е доволно на пример да ја потсредите куќата, да поминете со правосмукалка, да ги исчистите прозорците, да отидете на прошетка, качување по скали … Секое движење се смета за активност.

Доколку бирате пазење со храна, имаме нешто за вас, односно за машките љубители на квалитетната кујна  – машка престилка од FridayShop. Одворете го линкот, нарачајте веднаш, и изненадете го вашиот партнер, другар, брат или татко…

За авторот

Пјер