Бизнис совети Кариера

Што е потребно за успех во она што се работи според Владимир Цветиновски (основач на агенцијата Market Vision)?

Напишано од Mr. M

Владимир Цветиновски е основач и сопственик на една од најпознатите маркетинг, ПР и консултантски агенции кај нас, Market Vision. Владимир е меѓу првите луѓе кај нас кој што започнал со маркетингот и важи за пионер во оваа област и во областа на консултанстските услуги.

Го прашавме Владимир што за него претставува успехот и дали е тешок патот до него…

Ако успеете да опстоите веќе 20 години на пазарот тоа значи дека сте постигнале некаков успех, односно си се докажал професионално и еконосмки. Успехот на компанијата најмногу се мери според финансиските резултати, меѓутоа она што е исто толку важно е компанијата да има развој во квалитетот на услугата и сама да работи постојано на унапредување на услугата што ја дава.

Тоа е еден основен принцип кој што го користат најголемите светски компании. Креираме една услуга, ја даваме и потоа се испитуваме дали тоа можевме да го направиме подобро, како можеме да го направиме подорбо итн. Во делот на истражувањето речиси се што можеме ни е дигитализирано, иако сме локална компанија, како еден од позначајните играчи на пазарот се трудиме да бидеме во чекор со современите техники. Нашата компанија е и единствен корпоративен член од Македонија на ЕСОМАР, светско здружение на професионалците кои се бават со истражување на пазарот.

За авторот

Mr. M