Задолжително

Што е важно да се знае за маските за заштита и нивни типови ?!

Напишано од The Gentleman

Постојат повеќе типови на маски за заштита кои имаат различна ефикасност при нивното користење.

Маска за заштита – N95

Овие маски имаат најголема заштита при нивното користење. Штитат до речиси 100% од бактерии, прашина и полен и до 95% од вируси. Овие маски се и едни од најскапите за купување на пазарот.

 Хируршка маска

Хируршката маска или онаа маска која е најупотребувана за медицински потреби има процент на заштита од вируси до 95%, а има намален капацитет за заштита од бактерии, прашина и полен од 80%. Овие маски се речиси и тешко да с енајдат на пазарот поради драстична примена и намена за медицинските работници во периодот на пандемија.

FFP1 Маска (Индустриска Заштитна Маска НЕТАМ)

Оваа маска која е индустриска маска комплетно ги изолира честичките во воздухот. Се користи до 7 дена. Пред нејзино повторно користење може да се дезинфицира со влажно алкохолно марамче или со дезинфекционо средство кое се користи за чистење на рацете. По тридневна употреба маската треба да се издува со фен, со топол воздух од внатрешната страна околу една минута. Оваа маска е од голема корист за секој бидејќи е ефтина, а се користи буквално насекаде во светот во индустриски цели.

Маска со активен јаглен

Овие маски се доста ретки кај нас. Нивната главна цел е спречување на миризба, а се слабо ефикасни во заштита од вируси со само 10%  заштитеност, а кај бактериите, поленот и прашината заштитуваат до 50%.

Маска од ткаенина

Маските од ткаенина станаа вистински хит во периодов, во недостаток на вистински маски за заштита, бидејќи голем дел од популацијата може да ги направи дома. Но она шѕо е важно е дека нивната ефикасност е речиси никаква во спречување од вируси. Имаат заштита од бактерии, прашина и полен до 50%.

Сунѓер маска

Сунѓер маските се маски кои се користат поради мода. Нивната ефикасност е речиси никаква во однос на надворешните влијанија.

Производителот на индустриските заштитни маски НЕТАМ, кои се докажани во производството на  душеци во нашата држава со докажан светски квалитет, изработува маски за индустриска заштита  FFP1 од висококвалитетен сертифициран термобондиран филц кои се најпогодни за заштита во ова време на пандемија. Имаат широк спектар на користење и штитат од повеќе надворешни влијанија. Се обликуваат на специјална машина и се дезинфицирани на температура од 220 целзиусови степени. Овие маски имаат висок степен на заштита од вируси до 95%, а имаат голема заштита при носење од бактери, полен и прашина до 80%.

Индустриската заштитна маска можете да ја купите во продажниот салон на НЕТАМ на бул. ВМРО бр.1 наспроти главна пошта, а наскоро ќе бидат достапни и на други продажни места.

За авторот

The Gentleman