Успешни приказни

Што ќе гледате во третото издание на Џентлмен Магазин оваа среда (ВИДЕО)

Напишано од The Gentleman

Првата емисија кај нас која има за цел да негува добри навики и да ги прикаже убавите работи од македонските успешни мажи Џентлмен Магазин, оваа среда има супер емисија со еден од најголемите џентлмени кај нас.

Во третата емисија наш гостин е Божидар Јанковски, или Бобо Дајнерс. Човек кој со својата маркантна појава ќе ве освои. Според нас човек од кој секој маж треба да учи.

Ќе ви го раскаже својот пат, својот стил, начинот на облекување, успесите во животот, но и што значи да се има добри навики.

Исто така во оваа емисија ќе ве воведеме во светот на шеширите. Нашиот соговорник ќе ви раскаже за шеширите, за нивната историја, каков шешир носел Тито или Ал капоне.

Уживајте во промо видеото за третата емисија и бидете во среда пред малите екрани на МРТ 1 во 20:45.

ПРОМО 3 – Џентлмен Магазин – Епизода 3 (21.10.2020)

Ви го најавуваме третото издание на Џентлмен Магазин. СРЕДА, 21.10.2020 – 20:45 на МРТ1.Во оваа епизода на Џентлмен Магазин ќе уживате со човекот кој важи за пример за џентлмен за многумина и човек од кој може да научите доста работи, Божидар Јанковски или Бобо Дајнерс. Ќе дознаете нешто повеќе за шеширите кои во минатото биле симбол за џентлменството во светот. Биди дел од светот на џентлмените!

Posted by Gentleman Magazine on Петок, 16 октомври 2020

 

 

За авторот

The Gentleman