Кариера Селебрити

Што ли се криело позади шармот на Стив Меквин?

Напишано од Mr. M

Што ли се крие позади шармот и кул стилот на Ситв Меквин? Дали станува збор за манирите, за стилот или пак талентите кои ги поседувал? Според многумина, само две од овие работи го постигнуваат посакуваниот ефект, и кога некој поседува сè – тој станува икона за безвременски стил и кралот на шармот.

Кралот на шармот, тој ја освои оваа титула пред сè заради неговиот беспрекорен стил, неодолива харизма и способноста никогаш да не пука под притисок, иако генерално изгледаше излитен. Неговите движења не беа мрзливи, туку случајни и безбедни. Тој зборуваше малку, но ефикасно, претворајќи го своето љубопитно лице со безброј различни гримаси кои не оставаат ниту еден соговорник рамнодушен, а кои се секако еден од предусловите за толку голем успех во филмската индустрија.

Стив Меквин е познат како бунтовник уште од мали нозе, бидејќи израснал во едно бурно детство. Тој се сметаше за голем заводник, сакаше многу жени, иако не беше премногу лојален на нив. Од друга страна, тој не сакаше што го изневеруваа и заради неговата екстремна природа реагираше многу насилно на измамата.

Неговата најголема страст беа моторите, автомобилите и трките. Тој сакал да вози брзо што во текот на животот собра колекција на брзи казни, а неговата возачка дозвола му беше одземена двапати. Во текот на неговиот живот, па дури и подоцна, имало бројни шпекулации во врска со неговата употреба на дрога. Се зборуваше дека тој пуши марихуана на дневна основа, а во екот на кариерата во 1970-тите, тој исто така користел посилни опиати, пред се кокаин. Неспорно е дека тој сакаше да пие и беше страствен пушач, па токму таа страст го чинеше живот затоа што почина од рак на белите дробови на возраст од 50 години, иако тој лично веруваше дека болеста доаѓа како резултат на голема изложеност на азбест за време на воената служба во морнарицата.

Меквин, заради неговиот животен стил кој секогаш го водел според сопствените правила, до денес останал типичен модерен претставник на поп културата и, како таков, пример за многумина.

За авторот

Mr. M