Автомобили

Што Македонците повеќе преферираат да возат: Дизел или Бензинец?

Напишано од Mr. N

Ова прашање создава дилема кај возачите во нашата држава за кое секојдневно дискутираат.

Бидете сигурни дека кога двајца возачи ќе се сретнат и седнуваат да разговараат за автомобили, тие сигурно зборуваат на темата “дизел или бензин”. Обично, ситуацијата е таква што сите го фалат својот автомобил, па оној што вози дизел верува дека дизелот е подобар, а оној што го вози бензинот мисли дека бензинот е најдобар. Сепак, решивме да откриеме кои возила се подобри преку онлајн анкета која ја објавивме на нашата Инстаграм фан страна.

За да се одговори на ова прашање, треба да се земат во предвид факторите како што се екологијата, одржувањето и потрошувачката.

Екологијата е многу важно прашање. Колку всушност се залагате за екологијата и животната средина? Иако многу малку возачи ја земаат предвид екологијата кога станува збор за ова прашање, мислиме дека ова е многу важно, бидејќи иднината зависи од тоа. Иако ова е доста дискутабилна тема, некои студии покажуваат дека бензинот е помалку загадувачки, така што во овој случај е подобро да користите бензин, отколку дизел.

Сега се префрламе на најважната ставка, а тоа е Потрошувачката. Ако изберете дизел, цената на горивото ќе биде поевтина, но трошоците за одржување ќе бидат повисоки, додека цената на бензинот е секогаш променлива. Дизел горивото е поевтино од бензинот, и ова е една од главните причини зошто луѓето се одлучуваат повеќе за дизел мотори.

Како што веќе рековме, Одржувањето е битен фактор, и ова е уште една многу важна ставка која го интересира секој возач. Истражувањата покажаа дека дизел моторите се потрајни и обезбедуваат поголема километража. Кога ќе ги погледнете рекламите на користени автомобили, ретко ќе најдете дизел што поминал под 200.000 километри. Бензините од друга страна имаат големи недостатоци. Сега има помалку и помалку едноставни, атмосферски бензински мотори кои носат ниско ниво на ризик со нив. Сепак, поправката на бензинец во повеќето случаи е многу поевтино.

Сепак, дури и покрај овие фактори, многу е тесна трката за кој тип на возило е подобар. Затоа решивме да направиме Инстаграм анкета и да видиме, што мислите дека е подобро: дизел мотори или пак бензинци.

Се надеваме дека оваа анкета ќе ни одговори и дека ќе можеме да видиме како Македонците размислуваат на оваа тема.

 

 

 

 

 

За авторот

Mr. N