Фитнес

Што не спречува да имаме видливи стомачни мускули?

Напишано од Пјер

Ова е една од главните дилеми на оние кои се трудат да постигнат фит форма, бидејќи таа не е целосна ако не можете да се пофалите со видливи стомачни мускули, нели? Ако вежбате редовно, а не сте задоволни од вашиот изглед во пределот на абдоменот, тоа може да е резултат на 3 грешки на кои треба да внимавате.

1. Недоволна контрола на телесните масти

Телесните масти се прилично очигледна причина за „скриени“ стомачни мускули, но проблемот се појавува кога внимавате на внесот на калории и физичките активности, а состојбата кај абдоменот не се менува. Решението е прилично едноставно – треба да постигнете баланс помеѓу овие два аспекти. Дури и да вежбате интензивно секој ден, ако внесувате повеќе калории од оние што ги трошите, нема да успеете да ја постигнете целта од 10% телесни масти.

При контролата на калорискиот внес многу е важно да не правите нагли промени бидејќи така ќе ја намалите силата што ви е потребна за вежбање. Направете долгорочен план за постепено, но константно намалување на бројот на калории што ги внесувате, сè додека не ја најдете совршената формула со која ќе ја добиете и одржувате формата што ја сакате. Во случај да имате потешкотии со контролата на исхраната, обидете се да го зголемите бројот на потрошени калории со повеќе кардио вежби.

намалете телесни масти за видливи стомачни мускули

2. Погрешен пристап кон кардио вежбите

Иако кардио вежбите се одлични за согорување на вишокот телесни масти, погрешниот пристап кон нив може да даде спротивен ефект и да ги претвори во причина заради која не можете да постигнете видливи стомачни мускули. Иако долгите кардио сесии со споро темпо можеби ви изгледаат како одлична идеја заради тоа што подолго време се потите и трошите калории, тие се погрешен избор доколку сакате видливи мускули.

 

 

Интензивни кардио вежби во неколку кратки интервали се многу подобра опција за согорување на голем број калории и забрзување на метаболизмот, додека една сесија спринт трчање е најдобра за активирање и истакнување на стомачните мускули.

интензивни кардио вежби за видливи стомачни мускули

3. Таргетирани вежби за стомачни

Стомачните, исто како и другите мускули, си бараат соодветна тренинг програма во комбинација со доволно одмор за да се зацврстат и обликуваат. Ако редовно практикувате вежби за стомачни, а немате видливи резултати, потребно е да воведете промени во вашата тренинг програма за да ги активирате различните мускули кои имаат улога во изгледот на вашиот абдомен. Ако сакате „идеален“ стомак, ќе мора да му пристапите на торзото како целина и според тоа да ги комбинирате вежбите. Така, освен правиот стомачен мускул (rectus abdominis), треба да ги вежбате и страничните стомачни мускули (obliques) и мускулите кои се поставени најдлабоко во стомачниот ѕид (transverse abdominis).

разновидни вежби за видливи стомачни мускули

Уште нешто што е многу важно да го знаете за да постигнете видливи стомачни мускули е тоа дека тие се активираат при многу други вежби кои навидум не се поврзани со нив. Како пример ќе ги дадам сложените вежби како што се чучњевите, мртвото кревање и варијациите на веслање. Тежините со кои ги изведувате ваквите вежби имаат влијание на стомачните исто како на мускулите што ги таргетирате со конкретната вежба.

За авторот

Пјер