Вашиот ракопис открива многу повеќе отколку што претпоставувате.
Постои целосна база на податоци која стои позади анализата на ракописот за карактеристиките на личноста наречена графологија. Исто како и говорот на вашето тело, така и ракописот може да каже многу работи за вашиот карактер. Во продолжение, ги откриваме главните одлики на ракописот кои помагаат при дефинирање на одредена личност.
Големината е важна
При анализата на вашиот ракопис, големината е од витално значење. Ако пишувате со крупни букви, вие сте екстровертна личност. Вие сте комуникативни, самоуверени и лесно може да воспоставите контакт со нови луѓе. Не ви пречи да бидете во центарот на вниманието. Доколку пишувате со ситни букви, голема е веројатноста дека сте интроверт. Вие сте фокусирани, внимателни и срамежливи. Секогаш обрнувате внимание на деталите и ги анализирате луѓето пред да почнете да се чувствувате сигурно и пријатно во нивното друштво.
Притисок
Притисокот што го користите додека пишувате на хартија, зборува за вашата виталност и лична сигурност. Ако притискате многу кога пишувате, тоа значи дека сте силни, самоуверени и сигурни во себе. Многу сте посветени и секогаш гледате напред. Но, ако малку притискате кога пишувате, голема е веројатноста дека сте чувствителни и емпатични. Секогаш се сомневате во себе и тешко ви е да донесете одлука.
Закосеност на буквите
Доколку буквите во вашата реченица се закосени кон десно, најверојатно вие сте екстравертна личност која обожава да се дружи и има многу пријатели.
Доколку буквите во вашата реченица се потполно прави, вие сте едноставна и прагматична личност, која не сака многу да ги покажува своите емоции и се води по својата логика.
Просторот што го оставате помеѓу зборовите и буквите
Ако оставате голем простор помеѓу зборовите, тоа е показател дека тешко им верувате на луѓето. Сакате да поминувате време сами и избегнувате контакт со други луѓе. Доколку оставате среден простор, тоа покажува дека ви е пријатно да бидете во друштво со луѓе.
Средниот простор помеѓу буквите покажува дека сте самоуверена и независна личност. Буквите напишани блиску едни до други, покажуваат дека ви е непријатно да бидете сами и укажуваат на недостаток на самодоверба.
