Бизнис совети

Што се е потребно за успешна работна недела?

Напишано од Mr. N

Првите неколку работни часови во Понеделник наутро знаат да бидат најкритични. Затоа денес одвоивме неколку совети како правилно да ја започнете работната недела. Многу бројни деловни луѓе,најчесто оние најуспешните, свесни за типичниот Понеделник, неговата динамика,односно се она што доаѓа со самиот почеток на работната недела. А тоа најчесто се непредвидени задачи, дополнителен стрес…односно најдобро тоа се опишува како ,,општ хаос”.

Поради сите тие причини, успешните луѓе ја започнуваат работната недела на малку поинаков начин од останатите. За многумина можеби чуден но навистина ефикасен!

1. Престанете да планирате, започнете да работите

Освен кога се работи за неделните или месечните планирања, ако планирате во времето кога би требало да работите, работата или нема да биде направена или ќе треба некој друг да ја направи. Затоа, не одложувајте туку фрлете се на работа.

2. Не морате да кажете „да“ на секое барање

Како што вели и Ворен Бафет „Разликата меѓу успешните и многу успешните луѓе е тоа што многу успешните велат „не“ на повеќето работи“. Иако често полесно е да кажете „да“, секој пат кога ќе се сложите со нешто што не ви овозможува добри резултати, губите контрола нас распоредот.

3. Не мора да бидете перфекционисти

Ако цело време сте перфекционисти, ќе ви треба подолго време да ги завршите задачите и ќе бидете помалку продуктивни. Премногу време ќе трошите на една задача, па несвесно ќе ги занемарите другите одговорности.

4. Исфрлете се од главата

Не се потпирајте толку на меморијата бидејќи може да ве изневери кога тоа ви е најважно. Наместо а се потпирате на сопствената меморија, земете пенкало во рака и запишувајте ги нештата.

5. Посветете им внимание и вреднувајте ги достигнувањата

Пред да започнете со новата работна недела, прегледајте ги достигнувањата од претходната недела, но и оние пропуштените нешта. Така од недела во недела ќе бидете попродуктивни, бидејќи ќе сфатите кои нешта најчесто ги попуштате и во кои нешта имате најголеми достигнувања.

За авторот

Mr. N