Технологија

Што треба да направи Apple ако сака да се врати на лидерското место кај телефоните?

Напишано од Mr. M

Компанијата Apple е првата која направи револуција кај паметните телефони и дефинитивно iPhone беше, сеуште е, и ќе биде еден од најпопуларните телефони денеска. Сепак, неговата конкуренција е се поголема и брендовите како што се Samsung и Huawei се повеќе и повеќе прават телефони кои може да се носат рамо до рамо со iPhone.

Освен што се квалитетни, останатите телефони се повеќе добиваат награди за разлика од iPhone.

Еве кои работи треба да ги смени компанијата ако сака повторно да се врати на првото место…

Подолго траење на батеријата- иако компанијата направи напредок во батеријата на нивните нови модели, сепак моделите на Samsung и Huawei може да се пофалат со телефони чија батерија трае подолго.

Кабел за брзо полнење- компанијата Apple треба со секоја продажба на нов телефон да сместува во кутијата кабел за брзо полнење.

Економичен процесор- процесорот во уредите на iPhone е поквалитетен од оние на Андроид уредите, но тој мора да биде поекономичен со цел батеријата на телефоните да уздржува подолго.

За авторот

Mr. M