Психологија

Што значи да се биде модерен маж? Неколку размислувања директно од мажите

Напишано од Mr. M

Денеска е навистина тешко да се биде маж кој ќе биде комплетен на секое поле. Старата слика за тоа што значи да се биде маж е некако изменетa и унапреденa. Денеска мажите, се повеќе водат грижа за изгледот па голем дел од модерните мажи користат шминки и прават различни типови на корекции само за да постинат современ изглед. Емоциите денеска не се резервирани само за жените, мажите се повеќе се емоционални и ранливи за разлика од порано кога мажите биле поцврсти и покрути.

Крис Хемингс е познат британски водител кој напишал книга на тема што значи да се биде маж во ова современо време. Тоа е човек кој држи различни предавања и семинари за тоа што претставува еден маж во денешното опшество. Според него, биолошки мажите имаат помалку емпатија. Она што мора мажите денеска да го разберат е дека грижата не е само женска особина.

Мажите и денеска можат да бидат гласни и храбри и полни со самодоверба, но современото време отвори нови патишта кон тоа што значи да се биде модерен маж во денешно време. Но според многу експерти да се биде вистински маж во денешно време е доста потешко. Нема цврсти граници, нема готови улоги кои ќе ги превземат од нивните татковци…

За авторот

Mr. M