Пијалоци

Што значи годината на шишето на вискито?

Напишано од Mr. M

Познато е дека колку вискито е постаро, толку е подобро. Но што тоа всуштност значи? Шишето виски кое го имате од 2000 година, не е старо 19 години, тоа треба да го знаете. Вискито не старее во шише. Една од работите кои го прави вискито виски е контакт со дрво и секако постојат одредени правила за тоа како се треба да се изведе.

На пример, во Шкотска, пијалокот не може да носи ознака виски се додека не старее три години и еден ден во дрвено буре.

Бурињата се важни затоа што се број еден извор на вкус. Пијлокот продира во дрвото и ги вади сите соединенија како што се шеќерите. Температурата е исто многу важна. Кога дрвото се загрева, се шири па навлегува повеќе течност во него, а на ладно се контрахира па го враќа вискито со сите шеќери и вкусови назад.

Значи, староста на вискито се смета од неговото ставање во буре се до неговото вадење од таму. Односно за староста е пресуден контактот на пијалокот со дрвото. Исто така, возраста на етикетата е одраз на најмладата состојка во последното шише од серијата.

За авторот

Mr. M