Еден од најдобрите играчи во светот денеска Лука Дончиќ кој ги руши сите рекорди во кошарката се поднови со нова куќа. Фантастичниот кошаркар купил нова луксузна вила во Далас вредна 2,7 милиони долари. Вилата која е изградена во далечната 1984 година се простира на повеќе од 500 квадратни метри.
Новиот дом на Дончиќ во Далас има огромен базен во дворот, теретана, а внатрешноста е средена до најситни детали.
Лука Дончиќ со овој потег покажува дека не размислува да ја менува средината, младиот Словенец со Далас инаку потпиша тригодишен договор кој му гарантира заработка од 22 милиони долари.