Омилени места

Скопските кафулиња кои живеат вечно – втор дел

Напишано од martin

Претходната недела започнавме една интересна сторија, каде што се решивме да пишуваме за најкултните скопски кафулиња кои живеат вечно. Во првата објава ви објавивме четири кафе барови, а за денеска одвоивме нови три.

Кога ќе поминете низ плоштадот на Скопје, не може да не го забележите Тренд. Место кое што е на локација која самата по себе е атрактивна. Секојдневно можете да видите секаков тип на луѓе. Од бизнисмени кои имаат бизнис состаноци до голем број на туристи. Едноставно бидете среќни ако најдете место.

Стар Кафе

Многумина викаат дека за да имате добар угостителски објект, важен е изгледот на местото. Ние не се сложуваме со тоа. Стар кафе е место кое се наоѓа во Капиштец кај Католичката црква кај кружниот тек. Мало, едноставно, а секогаш преполно со урбани луѓе.

Излет

Да, дефинитивно еден од најдобрите скопски кафулиња. Преполно со зленило, надвор од градските гужви, а сепак во центарот на градот.

 

За авторот

martin