Пијалоци

Скопско или Даб? Мажите конечно проговорија за нивното омилено пиво

Напишано од Пјер

Двете најпознати пива во Македонија како да ги подзаборавија своите фанови оваа празнична сезона. Да, пивото важи за летен пијалок, но сепак, мажите во МКД заслужуваат целогодишно тинтрање. Затоа, тимот на Friday.mk, поточно нивниот одличен инстаграм профил (задолжително следете не на Инстаграм на линков), креираше мини стори гласање на тема – Кое е вашето омилено пиво – Скопско или Даб?

Резултатите беа доста интересни, односно донекаде поделени мислења со мала, но незначителна, предност на Скопско. Знаеме дека веднаш ќе помислите дека нашата бројка од 3000 Инстаграм фанови не мора да значи и целокупно милење на цела држава, но ние ги почитуваме нашите супер фанови и веруваме во нивните вкусови.

За воља на вистината, овој резултат може да се толкува како пораз на двата бренда.

Скопска пивара, која важи за една од најреномираните компании во МКД, никако не смее да биде задоволна со само мини предност пред конкурентот. Сепак, после нивната добра реклама за време на летото на тема другарство, Скопско никако да не изненади со една убава празнична реклама која ќе креира насмевки на нашите лица и желба за гајба пиво.

Од друга страна, Прилепска пивара, по одличниот напредок последниве години, мора да дојде барем до 50/50 со скопјаните. Но и кај Даб, оние скапи убави современи реклами како да ги снема од етерот, и за оваа сезона добивме само мини освежување со еден спот кој е далеку од нивните најдобри нешта. Знаеме дека буџетите за спотови не може да бидат исти преку цела година, и целиот фокус е ставен на летната сезона, но сепак мора да признаеме дека Прилепчани малку не разгалија со рекламите.

Во очекување на освежување од нашите омилени пива, оваа сезона можеби малку повеќе ќе се пие вино 🙂

За авторот

Пјер