Автомобили

Smart – прва автомобилска марка која преминува на електричен погон

Напишано од Mr. N

Со кинеска помош, Smart целосно се трансформираше и својата понуда во иднина ќе ја базира исклучиво на електричен погон.

Веста не е нова бидејќи е најавена уште лани, за оваа пролет да биде поддржана со договор за издашно финансиско и техничко учество на Geely кој ќе биде задолжен за производство на новите модели на марката, кој за возврат доби 50% учество во сопственоста.

Првите резултати од соработката се на повидок – изложеното во Франкфурт е само најава за она што допрва треба да следи, а вистинските информации сé уште се на хартија, за жал скриени во нечија фиока.

Засега е познато само дека продажбата на Smart – кој и да е – со мотор со внатрешно согорување згаснува и се отвора пат кој заеднички ќе го поминуваат Daimler и Geely. Германците ќе бидат задолжени за дизајнот, а за сé останато Кинезите.

Иако оваа вест е доста значајна за иднина на марката, да не кажеме воопшто за нејзиното постоење, не се слушна ниту збор за тоа кога и по која цена ќе се појават на пазарот првите модели на Smart создадени според новите правила за нивно постоење.

За авторот

Mr. N