Технологија

Snapchat објавува нова карактеристика само за iPhone корисниците

Напишано од Mr. N

Snapchat корпорацијата објави нова 3Д функција која е достапна ексклузивно за iPhone корисниците.

Функцијата додава длабочина на фотографиите со помош на просторни детали што ја менуваат перспективата на сликата. Исто така, се додава и 3Д филтер

Функцијата Snapchat 3D е слична на технологијата која се користи кај новите Spectacles 3, но наместо тоа се користи технологијата што се наоѓа во моделите iPhone X, XS/ Max, iPhone 11 и iPhone 11 Pro/Max. Предната камера ја доловува сликата на субјектот, додека просторната технологија ги комбинира податоците запишани и интегрирани во сликата за тродимензионален ефект.

За пристап до новата опција, корисниците мора да ја ажурираат својата Snapchat апликација.

Корисниците што пак немаат iPhone модели, ќе можат да ја видат добиената слика, но нема да можат да ги користат новите функции.

За повеќе информации, може да погледнете на видеото подолу

За авторот

Mr. N